Патронен празник на ООУ„Крсте Мисирков“
Основното училиште Крсте Мисирков од н.Ченто го прослави својот патронен празник.
Учениците со помош на своите наставници подготвија богата програма со која се претставија пред многубројните гости.
Програмата која сочинуваше ритмички точки, рецитали, еко ревија, музичка точка на оркестарот и музичка точка од хорот беше наградена со силен аплауз од публиката.
18.11.2016
Nike News