Патронен празник на ОУ „Његош“
Основното училиште „Његош“ од Колонија го прослави својот патронен празник.
На настанот присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, претставници од Амбасадата на Република Црна Гора, претставници од црногорско – македонското здружение, директори на основни училишта , наставници, ученици и останати гости.
За овој настан наставниците и учениците подготвија пригодна програма, која ја изведоа пред присутните гости.
Градоначалникот имаше свое обраќање пред присутните, каде го честита патрониот празник и посака успешна училишна година.
07.11.2016
Asics Onitsuka Tiger