Пешачка патека и тротоар во Хиподром
Општина Гази Баба изгради пешачка патека со павер елементи помеѓу зградите до влезот на зграда бр.111 од десната страна на улица „Никола Киров Мајски" која води кон улицата „Благоја Стефковски" и тротоар со павер елементи во населбата Хиподром.
Пешачката патеката е со должина од 60м и со ширина од 1,20м а тротоарот е со должина од 140м и со ширина од околу 1,20м.
Од Буџетот на општина Гази Баба за пешачката патека се издвоени околу 123,000.00 денари а за тротоарот 171,000.00 денари.
Фирмата која ги изведуваше работите е ЈУ-Бај2 од Скопје.
04.10.2016
nike