Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Положување цвеќе за Денот на ослободувањето на град Скопје

 

По повод одбележување на 13-ти ноември - Ден на ослободување на град Скопје, делегација од општина Гази Баба предводена од градоначалникот Тони Трајковски, положи свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, пред гробот на генералот Михајло Апостолски и пред споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Р.М.

Цвеќе положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна - Скопје, делегација на Советот на Град Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, делегација од Собранието на Република Македонија, делегација од Владата на Република Македонија, делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, делегација на Генералштаб на АРМ, делегации од oпштините на град Скопје, делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје,делегација на Црвен Крст на град Скопје, делегации на средните училишта на Град Скопје, делегации на дипломатскиот кор, како и граѓани на Скопје.


13.11.2016

 

 

 

 

adidas knee pads in stores locations area code

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree