Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Работна средба со амбасадорот на Норвешка за Р.Македонија

 

Градоначалникот Тони Трајковски оствари работна средба со амбасадорот на Норвешка за Р. Македонија, г-дин Арне Санес Бјорнстад. Средбата беше иницирана од норвешката амбасада со цел да се вклучат со директна помош за настраданите од полавените подрачја на општина Гази Баба.

На средбата се разговараше за соработка меѓу општината и Норвешката амбасада во насока за правилна распределбата на помошта која ќе биде обезбедена од страна на амбасадата, до сите оние граѓани на кои им е најпотребно.

Градоначалникот му ја објасни на амбасадорот комплетната состојба на теренот зафатен со поплавите и за активностите кои се превземаа и се превземаат за нормализирање на состојбата.

Исто така, амбасадорот доби и кратка презентација за капацитетите на општината, инвестициските можности, односно сегментите кои се важни во општина Гази Баба и нудат можности за идна соработка со Норвешката амбасада.


29.09.2016

 

Nike Air Max

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree