Реконструкција на дел од ул. Алија Авдовиќ
Денес (15.10.2016 г.) се започна со реконструкција на последниот дел од улицата Алија Авдовиќ“ на која присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајновски.
Градоначалникот Коце Трајановски прецизира дека за реконструкција на улицата „Алија Авдовиќ“ Град Скопје издвои осум милиони денари, од кои ќе биде реконструирана улицата од крстосницата кај последна автобуска постојка на 45-ка, до каналот во населеното место Сингелиќ, во должина од 550 метри.
– На овој потег ќе биде целосно реконструиран коловозот кој ќе биде асфалтиран во два слоја, првиот со дебелина од 8 сантиметри и завршниот со дебелина од 7 сантиметри, ќе биде поставена нова атмосферска канализација, нови рабници и ќе се изградат нови тротоари. Коловозот во зависност од условите ќе биде со ширина од 5,6 до 6,2 метри, додека ширината на тротоарите ќе биде од 1,5 до 2,5 метри.
Со средствата предвидени за подобрување на инфраструктурата во поплавените подрачја ќе бидат асфалтирани улиците секаде каде што се тампонирани и ќе биде изградена атмосферска канализација на местата каде што ја нема и каде што има можност да се направи тоа.
Досега ЈП „Улици и патишта“ веќе има асфалтирано речиси еден километар улици во населеното место Сингелиќ и скоро еден километар во населеното место Стајковци.
15.10.2016
Calzado Nike