Реконструкција на покрив на градинката „Темјанушка"
Општина Гази Баба во соработка со компанијата Арчелор Миттал го реализира проектот за замена на кровна конструкција во објектот „Темјанушка„ кој е дел од детската градинка „Детска Радост", со површина од 1200м2.
Градоначалникот Тони Трајковски и генералниот директор на Арчелор Миттал, Волганг Марингер направија увид на тековните градежни работи за реконструкција на кровот на овој објект и утврдија дека работите течат во најдобар ред и за краток период кровот ќе биде комплетно завршен.
Компанијата Арчелор Митал донираше 8.2 тони лим, а кровната конструкција, работната рака и громобранската инсталација е инвестиција на општина Гази Баба која изнесува 1.100.000,00 денари.
Изведувач на работите е фирмата Ингрес.
13.12.2016
cheap nike jordan fusions Shadow Pale Ivory Celestial Gold CI0919-101 – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers