Ревија на олдтајмери
Во рамките на одбележување на 3-ти ноември Денот на општина Гази Баба, на плоштадот во Автокоманда по четврти пат, се одржа ревија на олдтајмери. На настанот кој е во организација на Општина Гази Баба и АКК Примо АВЈ, учество земаа 35 сопственици со своите возила од Македонија и Србија.
Настанот го отвори градоначалникот Тони Трајковски и во своето обраќање апелираше до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на безбедноста, на сообраќајните правила и прописи.
Тој ги разгледа сите изложени автомобили , кои потоа возеа од плоштадот во Автокоманда до Скопскиот саем, а од таму низ улиците на градот се до Триумфалната порта .
По завршувањето на ревијалното возење сите учесници добија соодветни награди.
22.10.2016
Nike