Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Состанок за безбедноста во сообраќајот

 

Градоначалникот Тони Трајковски свика состанок на кој присуствуваа повеќе релевантни институции кои имаат надлежност и кој секој во својот домен на работа може да помогне во подобрување на безбедносните услови на патиштата во Гази Баба.

Целта за состанокот беа неколку сообраќајни незгоди, од кои една со загубен човечки живот, кои се случија на територија на општината.

. На средбата присуствуваа Командирот на ПС Гази Баба, помошник началникот на одделението за БПС, претставници од граѓанската иницијатива „Правда за Христијан“, ЈП за државни патишта, Сектор за сообраќај на град Скопје, од РСБСП и претставници од општината.

На средбата се разговараше за поголема безбедност на патиштата во општината, посебно на патот Р 1105, од Ергеле до Дрма.

По исцрпната дискусија на средбата се донесоа неколку заклучоци, помеѓу кои да се најде решение за намалување на брзината на возилата на критичните места на улиците, со кои безбедносни мерки во иднина не би се случувале вакви немили настани.

Иако општина Гази Баба го има осветлено Регионалниот пат и има направено пешачки патеки, а обелжувањето го направи Македонијапат, се заклучи дека треба да се поднесе иницијатива за измена на сообраќајниот проект со дополнување на сообраќајната сигнализација.

Потребно е да се поднесе иницијатива за измена на законската регулатива за казнените мерки, да се работи повеќе во делот на превенцијата во соработка со СВР и РСБСП, да се обележуваат тракторите со светлечки триаголници и да има почеста контрола на овој патен правец од МВР.


10.11.2016

 

Air Jordan 11 For Sale

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree