Асфалтирање на улици
Во Стајковци се асфалтираше еден крак на улица 18, во должина од 80 м и широчина од 3 м, а во тек е асфалтирање на уште еден крак од истата улица, кои беа оштетени од поплавата од 6-ти август.
Финансиските средства за асфалтирање на улици оштетени од поплавата ги обезбеди град Скопје, со Одлука која ја донесе Советот, каде се издвоени 150 милиони денари за помош на поплавените подрачја.
Работите ги изведува ЈП Улици и патишта.
16.09.2016
Nike - Shoes & Sportswear Clothing