Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Стефановски и Илиевски на средба кај градоначалникот

 

Градоначалникот Тони Трајковски ги прими пливачите на долги патеки Томи Стефановски и Александар Илиевски кои на светската листа ФИНЕ освоија високи пласмани, односно Томи Стефановски е прв, а Александар Илиевски е седми , освојувајќи високи пласмани на познатите светски маратони.

На средбата беа присутни и претставници на фирмите „Кенди“ и „Вардарградба“, Славе Андев и Петар Тасески , кои покрај општина Гази Баба се многу заслужни за учеството на Александар на светските купови.

Градоначалникот им честита на Томи Стефановски и Александар Илиевски за извонредните успеси , а на претставниците на фирмите им се заблагодари за несебичната помош и поддршка.

Упорноста и постојаните тренинзи на Александар Илиевски и помошта која ја даваат фирмите го доведе Александар во светската маратонска елита.

На средбата за разговараше за помошта на бизнис секторот во индивидуалниот спорт и поддршката на спортистите кои покажуваат врвни резултати, а притоа ја промовираат општината и Република Македонија на најубав можен начин.

Од оваа година нашиот најдобар маратонец Томи Стефановски ќе му биде тренер на Александар со чија помош и искуство се надеваме на уште поголеми спортски резултати.

Градоначалникот Тони Трајковски ќе продолжи со поддршката на врвните спортисти од општината и ќе се залага за добивање на повеќе бенефиции од спортските федерации и државата за нив.

Се надеваме дека покрај Славе Андев и Петар Тасески ќе имаме уште многу луѓе кои ќе ја разберат тежината и макотрпната работа на овие спортисти за постигнување на врвни резултати и кои ќе се вклучат во нивната финансиска поддршка , за луѓето кои се спортски амбасадори на Република Македонија.


07.10.2016

 

Ανδρικά αθλητικά παπούτσια

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree