Турнир во ракомет
По повод Денот на Општина Гази Баба, 3ти ноември се одржа за прв пат младински ракометен турнир за девојчиња генерација 2000 година и помлади под покровителство на општина Гази Баба.
Полуфиналните и финалните натпревари се одржаа во спортската сала Методија Андонов Ченто во н. Маџари меѓу првата и втората екипа на РК Вардар и РК Металург.
Тони Трајковски им додели пехар за освоено прво место на првата екипа на РК Вардар, за освоено второ место на првата екипа на РК Металург и за третто освоено место пехар им додели на втората екипа на РК Вардар.
03.11.2016
Air Jordan