Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Увид во градежни активности

 

Градоначалникот Тони Трајковски беше во работна посета во н.м Стајковци каде изврши увид во градежните работи на улицата „Видое Смилевски“, каде се врши асфалтирање во должина од 1км и широчина од 6м, и на улицата „Никола Карев“ каде се врши поставување на атмосферска канализација, каде по завршувањето ќе следи асфалтирање на улицата.

Паралелно со овие градежни активности се работи и на асфалтирање на вториот дел од улицата „Антон Велков“ во должина од 400м.

На посета тој изјави дека активно се асфалтира и во н.м Сингелиќ , улицата „16“ во должина од 2,5км, а во завршна фаза е и поставување на првиот слој на асфалт на улицата „10“ во должина од 1км. Паралелно се прави и подготовка на вториот дел од улицата во должина од 400м.

Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура , особено на оние места кои беа погодени во поплавата, но и во останатите населени места , каде што се започна со асфалтирање истите ќе се завршат до крајот на градежната сезона.


22.11.2016

 

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree