Втора фаза фекална канализација во Трубарево
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски заедно со градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски беа на увид на градежни работи за отпочнување на втората фаза од фекална канализација за н.м Трубарево.
Во првата фаза за изградба на фекална канализација, која исто така беше во соработка со градот Скопје се инвестираа 22.000.000,00 денари во изградба на дел од примарниот колектор во должина од 1,2 км и препумпна станица од кои 10.000.000,00 денари беа обезбедени од општина Гази Баба а 12.000.000,00 денари од градот Скопје.
За втората фаза од изградбата на примарната канализациона мрежа во должина од 4км предвидени се исто така 22.000.000,00 денари обезбедени од Буџетите на општина Гази Баба и градот Скопје.
Со изградбата на примарната и секундарната фекална канализациона мрежа ќе се реши голем проблем на жителите од н.м. Трубарево.
15.10.2016
Air Jordan 1 Retro High OG "First Class Flight" White/Dynamic Yellow-Black