Започнаа училишните спортски лиги 2016/2017
Во спортската сала Методија Андонов - Ченто, во н. Маџари, во организација на општина Гази Баба и Сојузот за училишен спорт Гази Баба,по единаесетти пат започнаа училишните спортски лиги 2016/2017. Во рамките на училишните лиги се вклучени спортовите: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, пинг понг, атлетика, шах, тенис и крос.
Сите основни училишта од општината имаат регистрирано свои училишни клубови, се прават и лекарски прегледи за учениците и целта е на еден организиран начин во текот на целата година да се играат најразлични натпревари.
На територија на општина Гази Баба ќе бидат опфатени околу 1300 ученици од овие лиги. Целта е да се мотивираат повеќе да спортуваат , да се рекреираат и да другаруваат.
Општина Гази Баба обезбеди спортска опрема за учесниците, топки за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, мрежи за одбојка и дресови во вредност од 500.000,00 денари.
Градоначалникот Тони Трајковски го отвори настанот и се обрати пред присутните и им посака на сите училишта среќа и успех во натпреварувањата. Тој на учениците им подари топки за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, мрежи за одбојка и дресови.
02.11.2016
FASHION NEWS