Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Зимско одржување во Гази Баба

 

Зимско одржување во Гази Баба Во пресрет на зимската сезона, општина Гази Баба потпиша договор со компаниите "Река Интернационал" и "Билдинг", кои ќе имаат обврска за расчистување на улиците во зимскиот период.

Градоначалникот Тони Трајковски направи увид во делот на механизацијата, колку се подготвени машините и околу набавката на сол и ризла, тој напомена дека општината е поделена на три региони едниот дел е планински, од н.м Стајковци до н.м Раштак, вториот дел е од н.м Ергеле до н.м Дрма и третиот т.е урбаниот е од н.Железара до н.Хиподром.

Секој регион има своја специфика и ќе се делува со соодветна механизација според потребите на регионот.

За оваа година набавени се 200 тона сол и ризла, а на располагање се 4 возила со специјализирана механизација за на терен, кои можат истовремено да го чистат снегот и да фрлаат сол и ризла.

Општина Гази Баба оформи тим за зимска служба, во кој се вклучени дел од вработените во општината и секретарите од месните и урбаните заедници, кој е во координација со Град Скопје и е подготвен за реагирање на терен.


01.12.2016

 

 

 

 

Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree