Одобрение за адаптација-пренамена
Дома Урбанистичка постапка Одобрение за адаптација-пренамена
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт - Урбанизам

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 323 95 34
3 112 219
E: urbanizam@gazibaba.gov.mk

 

ОДОБРЕНИЕ ЗА АДАПТАЦИЈА-ПРЕНАМЕНА

 

Одобрение за адаптација-пренамена се издава за пренамена од станбен во деловен протор, или обратно, може да се издаде само за посебен дел од објект, стан или дел од стан. При тоа се доставуваат и следните прилози:

  • Барање за Одобрение за адаптација-пренамена (готов формулар за поднесување на барањето се добива на www.gazibaba.gov.mk/formulari или во Општината, во Одделението за урбанизам),

  • Уплатница за уплатени за административни такси на следната жиро сметка (Општината Ве информира за висината на административните такси),

  • Доказ за право на сопственост на стан, дел од стан, помошна просторија во станбен објект што се пренаменува: Поседовен лист, Имотен лист и копија од катастарски план (за индивидуален станбен објект);

  • Согласност од мнозинството сопственици на становите, односно деловните простории во објектот, т.е. дел од објектот;

  • Основен проект за постојната состојба и предвидената пренамена во 4 примероци.

  • Извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот е предвиден со важечкиот урбанистички план.

  • Мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од пренамената и

  • Доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште.

По извршувањето на увид на лице место во просторот кој е предмет на пренамена (во присуство на барателот) и оцена на доставените прилози, се врши заврека на Основниот проект. Со заверениот Основен проект барателот обезбедува:

  • доказ за регулиран надоместок за регулирање на градежно земјиште (доплата на разликата на комуналии во Одделението за уредување и употреба на градежно земјиште во Град Скопје);

  • согласност од Управата за заштита на културното наследство (доколку објектот е споменик на културата);

  • согласност за заштита од пожари и други согласности кои произлегуваат од намената.

Законот забранува инвеститорот да изврши реконструкција на конструктивните елементи на градбата без oсновен проект. Исто така законот забранува изведувачот да изведува работи спротивно на oсновниот проект, со што се нарушува механичката отпорност, стабилност и сеизмичката заштита на заедничкиот станбен објект. По комплетирње на наведените докази се изготвува oдобрението за адаптација-пренамена. По извршената уплата на административни такси, во вредност определена во Тарифникот за административни такси од Законот за административни такси, се издава oдобрениото за адаптација-пренамена во 3 примероци, заедно со заверен oсновен проект.





Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;