Одобрение за градење
Дома Урбанистичка постапка Добивање на одобрение за градење
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт - Урбанизам

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 323 95 34
3 112 219
E: urbanizam@gazibaba.gov.mk

 

ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

 

Одобрението за градење може да се однесува на цела градба, дел или делови од градба (во зависност од тоа дали се работи за новоградба, доградба/надградба).

 

Се поднесува:

  • Барање за oдобрение за градење (готов формулар за поднесување на барањето се добива на www.gazibaba.gov.mk/formulari или во Општината);
  • Извод од план (ЛУПД или заверен проект за инфрастуктура) издаден од Општината;
  • Заверен архитектонско-урбанистички проект доколку со изводот од план или ЛУПД се предвидува ваков проект;
  • Комплетен основен проект во 3 примероци изработен од лиценцирана проектантска фирма, со извештај за ревизија (освен за градби за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м²) или писмен извештај со согласност за нострификација ако проектот е изработен во странство;
  • Доказ за право на градење (Имотен лист или друг доказ за стекнато право на градење);
  • Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште изработен од приватна геодетска фирма и
  • Уплатница за уплатени административни такси на жиро сметка од 300,00 денари (Општината дополнително Ве информира за висината на административните такси за издаденото одобрение).

 

Во текот на постапката инвеститорот и одделението за урбанизам во Општина Гази Баба (по службена должност) обезбедуваат согласности за инфраструктурни приклучоци (електроенергетска согласност, согласност за приклучок на водоводна и комунална инфраструктура), односно сите потребни согласности ги прибавува Општината, повикувајќи ги овие субјекти да се изјаснат на записник, кој потоа се доставува до инвеститорот, а ЕВН треба да даде мислење дали постои можност објектот да се приклучи на електроенергетскиот систем. Ако овие субјекти не се изјаснат во рок од 5 дена од приемот на барањето, ќе се смета дека немаат забелешки, постапката ќе продолжи, а евентуалните идни штети, настанати поради непостапување на овие субјекти ќе ги надоместат субјектите што не постапиле.

 

Согласности од други институции во зависност од намената на објектот, како:

  • Одобрена студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина (во зависност од видот на објектот);
  • Согласност на елеборат за заштита од пожари;
  • Согласност од надлежна институција за заштита на градителско наследство (од Управа за заштита на градителско наследство);
  • Согласност на елаборат за сообракај и др.

 

Пред да се издаде одобрението за градење, барателот е должен да го подмири надоместокот за уредување на градежно земјиште, по метар квадратен на новата корисна површина што ќе се гради согласно основниот проект за нова градба и доградба/надградба на постојна градба. Одобрението за градење се издава во 3 примероци заедно со 2 примероци заверен основен проект.

 

Одобрението за градење престанува да важи доколку не се отпочне со градба во рок од две години од денот на правосилноста на истото.

 

Инвеститорот може да почне со изградба само по правосилно одбрение за градење или пак на сопствена одговорност и ризик со конечно одобрение за градење и притоа тој е должен писмено да го пријави отпочнувањето на градбата во прилог со фотокопија на одобрението за градење.

 

Инвеститорот, односно неговиот следбеник, трајно да ја чува проектната документација и издаденото одобрение за градење.





Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;