Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.весник на РСМ’’ бр.32/2020, бр.111/2023 и бр.171/2024), Општина Гази Баба доставува:
JАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државна управа, претставници на единиците на локална самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Гази Баба организира
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог Изменување и дополнување на Блок 10 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на Блок 8, Општина Гази Баба – Скопје
За Предлог Изменување и дополнување на Блок 10 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на Блок 8, Општина Гази Баба – Скопје изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, со тех.бр. 0801-696/23 од Октомври 2024 година со површина на опфат од 9,2 ха., е добиено позитивно Стручно мислење од комисијата за урбанизам од член 38 од Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.весник на РСМ’’ бр.32/2020, бр.111/2023 и бр.171/2024).
Границите на планскиот опфат се:
Во рамките на Предлог Изменување и дополнување на Блок 10 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на Блок 8, Општина Гази Баба – Скопје, се предвидени наменски зони со следниве основни класи на намени:
ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА на Предлог Изменување и дополнување на Блок 10 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на Блок 8, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 04.12.2024 год. со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
ЈАВНАТА АНКЕТА по Предлог Изменување и дополнување на Блок 10 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на Блок 8, Општина Гази Баба – Скопје, ќе трае 30 дена и тоа во период од 01.12.2024год. до 31.12.2024год.
Јавната анкета се спроведува и во електронска форма и во хартиена форма. Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е-урбанизам и преку службената веб страна на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) , а во писмена форма се спроведува со излагање на планот во просториите на МЗ Колонија.
Графички прилог на Предлог Изменување и дополнување на Блок 10 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на Блок 8, Општина Гази Баба – Скопје ќе биде изложен во просториите на Месната заедница Колонија, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, а ќе биде достапен и во просториите на Општина Гази Баба, Сектор за урбанизам и градежно земјиште, Одделение за урбанистичко планирање.
Учесниците во јавната анкета можат своите забелешки и предлози на Предлог планот да ги доставуваат на донесувачот во писмена форма преку анкетни листови до Месната заедница Колонија, преку информациски систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Општината, само во определениот рок за времетраење на Јавната анкета.
Се со цел навремено доставување на писмени забелешки, предлози или мислења преку анкетни листови и активно учество на јавната презентација и јавната анкета, Ве покануваме да присуствувате на Јавната презентација.
Доколку во определениот рок не ги доставите анкетни листови, ќе се смета дека немате никави забелешки, предлози и мислења по Предлог Изменување и дополнување на Блок 10 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на Блок 8, Општина Гази Баба – Скопје.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2667