Општина Гази Баба е дел од главниот град Скопје со жители кои се стремат кон конкурентна економија и одржлив економски раст и кои имаат висок квалитет на живеење и здрава животна средина.

Стратешки цели 2020-2025 година

Стратешка цел 1
Да се подобри квалитетот на живот - Општина Гази Баба привлечно место за живеење и работење.
Стратешка цел 2
Динамичен економскиот раст на локалната економија преку создавање просторни услови за економска активност и развој на цврста и мека инфраструктура.
Стратешка цел 3
Имплементирање на европски стандарди за одржлива заштита на животната средина.
Стратешка цел 4
Одржлива финансиска стабилност преку градење партнерски однос со сите чинители во локалната заедница.

Стратешки цели 2013-2017 година

Стратешка цел 1
Да се подобрат и унапредат просторните услови за живеење во ОГБ со цврста инфраструктура
Стратешка цел 2
Да се подобрат и унапредат просторните услови за живеење во ОГБ со мека инфраструктура

Стратешки цели 2008-2013 година

Стратешка цел 1
Да се подобрат и унапредат условите за живеење во ОГБ
Стратешка цел 2
Да се прошири и диверзифицира економската база во ОГБ преку зголемување на нивото на инвестиции
Стратешка цел 3
Да се создаде интегрирана локална заедница