Градоначалникот Бобан Стефковски но и во името на граѓаните на општина Гази Баба упатуваме искрени честитки по повод 4-ти Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.
САД се стратешки партнер на Република Македонија, уште од нашата независност па се до денес.
Заедничката посветеност кон демократијата, слободата, еднаквоста и градењето силни демократски општества се темелите на кои нашето пријателство и партнерство ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат.
Честит 4-ти Јули, Денот на независноста на САД!