Се врши кај: Ана Вељановска и Анита Илиевска Кузеска
Адреса: ул. Архимедова 2, 1000 Скопје
e-mail: ana@gazibaba.gov.mk и anita.ilievska@gazibaba.gov.mk
контакт: 072 255 041 и 071 314 408
Закон за слободен пристап до информаци од јавен карактер
Решение за определување на службено лице за посредување за информации од јавен карактер
Општина Гази Баба согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ„ бр.13/06, 86/08 и 6/10) за службено лице за посредување со информации од јавен карактер ги определи: Ана Вељановска и Анита Илиевска Кузеска.
Граѓаните можат да добијат информација од јавен карактер што ја има изготвено или со која располага Општина Гази Баба, со симнување на подолу прикаченото Барање за пристап до информации од јавен карактер и пополнување на истото.
Во образецот се внесува:
- До: институцијата која ја поседува информацијата.
На пример, ако информацијата ја бараш од Општина Гази Баба, се наведува Општина Гази Баба. - Од: Вашето име и презиме, адреса и контакт-податоци.
- Опис на информацијата која се бара: тука треба јасно и конкретно да напишете што барате. Не мора да објаснувате зошто ја барате информацијата.
- Начин на запознавање со информацијата: можете да изберете, на пример:
- увид;
- фотокопија;
- електронски запис.
- Начин на доставување: можете да побарате информацијата да ви биде доставена по е-mail, пошта или на друг наведен начин.
ИЗДАДЕНИ ИНФОРМАЦИИ
надлежност за ул. Јани Лукровски и одржување
Точна бројка на испишани ученици
Информација за исплати кон агенции за привремени вработувања
Даватели на услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство
Еднакви можности за жените и мажите за 2024 година
Мерки и политики за поддршка на семејствата и грижата за деца на локално ниво
Трансфери до невладини организации-ставка 463 за 2024 година
Елаборат за заштита од пожари и План за евакуација
Извештај -Локален совет за превенција
Противпожарна опрема и проверени пп апарати и пп хидранти
Професионални противпожарни единици согласно Закон за пожарникарство
Вонреден инспекциски надзор на угостителски објекти
Градежна инспекција- Претставка за недовршени градежни активности
Договор за јавно приватно партнерство
Инспекциски надзор на полето на урбанизам и градежништво - Извештај
Колективен постапувач за селектирање на отпад и примени контејнери од 1100 литри
Објекти без правен статус-дивоградби и нивни локации
Објекти со лиценца за ноќен клуб-кабаре
Техничка документација за објект за брза евакуација при пожари или поплави
Услуги со приватни радиодифузери, интернет портали и расходи кон медиуми
Закон за управување со отпад- контрола од Инспекторат на Град Скопје
Копии од записници и решенија зауривање на дивоградби од 2022, 2023 и 2024 година

