Утрово градоначалникот Бобан Стефковски го означи стартот на 10-тата атлетска трка која традиционално се организира по повод 23 Октомври — Денот на Македонската револуционерна борба!
Рутата започна пред споменикот на “ВМРО”, продолжи кон Порта Македонија, низ плоштад Македонија, преку Камениот мост, покрај Музејот и Театарот, па по мостот “Гоце Делчев” и долж кејот на Вардар.
Трката опфаќа делници од 5 и 10 километри, а учесниците покажаа навистина голем спортски дух!
Општина Гази Баба е покровител на оваа прекрасна манифестација.
Честитки до Томислав Спасевски за посветеноста, љубовта и ентузијазмот со кои секоја година ја одржува оваа традиција жива во чест на Македонија и нејзините херои!
Спортот обединува, инспирира и гради заедништво. Тој не учи на дисциплина, истрајност и фер-плеј — вредности што се темел на здраво и успешно општество.