Се одржа свечена академија по повод одбележувањето на 47 годишнината од постоењето на Општина Гази Баба.
Од 3-ти Ноември 1976-тата до овој 3-ти Ноември 2023 година главен предизвик ни е како да го подобриме животот на граѓаните и функционирањето на општината.
Пред неколку денови измина втората година од мандатот на градоначалникот Стефковски, кој изјави дека ниту пред две години, ниту денес воопшто не смета дека позицијата градоначалник треба да претставува можност за лични привилегии, туку напротив неговата цел е реализација на што повеќе проекти со кои ќе ја направи Гази Баба подобро и поубаво место за живеење.
Граѓаните денес живеат време на големи промени во општина Гази Баба.
За неколку години од денес, Општина Гази Баба ќе влезе во петтата деценија од своето постоење и сега е вистинското време во кое треба сите заедно да градиме иднина за младите.
Честит 3-ти Ноември, Денот на општина Гази Баба!