Ансамблот за народни песни и игри Јонче Христовски го одржа годишниот концерт со кој одбележаа 22 години од своето постоење.
Ова културно уметничко друштво има непроценлива вредност за Општина Гази Баба. Големиот број реализирани културни достигнувања, настани и активности се успех кој Општина Гази Баба го постигна во соработка со овој Ансамбл.
Македонското оро и песна, како и македонскиот фолклор се нишката на нашиот македонски идентитет. Повеќевековното богато културно творештво е нешто на што ние Македонците треба да сме горди!
Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка за негување на македонскиот фолклор.