Павел Јанев е најсреќниот верник кој го фати светиот крст во базенот во Црквата Св. Георѓи во Сингелиќ.
Градоначалникот Бобан Стефковски му честиташе за успехот и му посака многу здравје, среќа и бериќет и заедно со компанијата Зегин го даруваа младиот Јанев.
Оваа година повеќе од 30 верници скокнаа во базенот по светиот крст, и се надеваме дека секоја наредна година бројот ќе се зголемува со цел да ја оддржиме оваа христијанска традиција во иднина.
{gallery}foto/2023/januari/vodici2023/gallery{/gallery}
19.01.2023