Домот на културата во Ченто, градинката во Инџиково и спортската сала во Црешево стануваат реалност!
Дополнително ќе изградиме и нова улица помеѓу Маџари и Керамидница која е предуслов за изградба на нова детска градинка на овој простор.
Денес во Владата на Република Македонија градоначалникот Бобан Стефковски ги потпиша договорите со кои се обезбедуваат средства за реализација на овие капитални проекти!
Голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски чија визија за историски напредок на општините од цела Македонија се реализира!
Ова е време за историја во Гази Баба. Се решаваат децениските проблеми и барања на граѓаните.