Денес градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Стив Наумов“ – училиште кое веќе 77 години го чува духот на знаењето, пријателството и љубовта кон татковината.
Под мотото „Во учењето е силата, а во другарувањето радоста“, учениците и наставниците ни покажаа дека вистинската сила е во знаењето, а вистинската радост e во заедништвото.
Горди сме што во нашата општина растат вакви генерации – полни со ентузијазам, љубопитност и желба за успех .
Голема благодарност до наставниците за нивниот труд, посветеност и љубов кон секое дете.
Ќе продолжиме да инвестираме во подобро образование, модерни услови и поддршка за секој ученик и наставник.
Училиштата се срцето на нашата општина, а децата се нашата иднина.