Денес градоначалникот Бобан Стефковски и делегација од Општина Гази Баба оддадоа почит со положување на свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци за ослободување на нашето Скопје.
Историјата е за да паметиме и да се сеќаваме. Никој нема право да тргува со историјата на Македонскиот народ. Непобитен факт е дека Скопје беше под окупација од фашистички режим.
Скопје живеело, живее и ќе продолжи да живее, бидејќи има луѓе кои го сакаат.
Скопје е нашето срце, а Македонија е нашата душа.