This is the title
Статут на општина Гази Баба
Деловник на советот на општина Гази Баба
Во согласност со Статутот на општина Гази Баба, Советот на ОГБ ги има следните надлежности:
- Го донесува статутот на општината и други прописи;
- Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
- Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
- Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
- Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
- Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
- Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
- Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
- Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
- Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
- Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
- Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
- Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на оpштината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
- Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
- Врши и други работи утврдени со закон.