Градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид во градежните работи за целосна реконструкција на дворот од објектот Сонце на градинката “25 Мај” во Ченто.
Во рамките на градежните работи:
Ќе се изврши комплетно уредување на дворот со павер елементи, ќе се изврши реконструкција на терасите од објектот, ќе се постави нова ограда, ќе се постават нови влезни врати на објектот, хортикултно ќе се уреди целиот простор.
Инвестиција во овој проект изнесува околу 7.500.000 денари, а со реализација на овој проект, објектот Сонце ќе добие нов урбан лик.
Како локална самоуправа покрај инвестициите во општинските основни училишта, реализираме проекти и во детските градинки.
Реализацијата на проекти во детските градинки на нашата територија ќе продолжи и во следниот период.