Во рамките на европската недела на мобилноста се одржа второто еко кино на отворено во дворот на основното училиште Наум Охридски, каде присутните имаа можност да ја проследат едукативната програма прикажана во два краткометражни филмови и цртан филм за најмладите, Приказна за точак (15 мин) и Нозете на Амстердам (12 мин).
На истиот принцип како на првото одржано кино во н.м Трубарево, децата сами ја генерираа електричната енергија преку возење на велосипед за да го овозможат прикажувањето на филмовите.