Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес, затоа на територија на Oпштина Гази Баба воспоставуваме настава без мобилни телефони.
Сите основни училишта извршија набавка на специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница.
Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.