По повод 16 Октомври, Светскиот ден на гладот, градоначалникот Бобан Стефковски се приклучи на хуманитарната акција “Заедно против гладот” која ја организира хуманитарната организација Свети Спас.
Оваа донација е придонес во хуманитарната акција со која ќе бидат собрани намирници на храна и средства за хигиена кои ќе се поделат на семејства во социјален ризик.
Последните години сите ние сме сведоци на постојаниот раст на инфлацијата која несомнено го јаде трудот на работникот, а истовремено е и причина за создавање на нови семејства кои не можат да се прехранат.