Градоначалникот
Бобан Стефковски оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Стив Наумов, кој на само 21 година станал дел од НОБ и се борел за слобода на Македонија против бугарскиот фашистички окупатор.
75 години училиштето Стив Наумов со многу работа и труд создава генерации на ученици.
Стефковски на учениците им посака уште долги години успешен образовен процес и исполнување на мисијата за создавање на индивидуи кои успешно ќе не претставуваат низ Македонија и светот.