Утрово градоначалникот
Бобан Стефковски присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на општинското основно училиште “Његош” кое денес чествува 70 години од своето постоење.
70 години реализација на образовен процес, претставува сериозен успех кој заслужува почит и признание.
Одбележувањето на 70 годишнината се одржа под мотото “Традиција – негувам, чувам и почитувам”. Неколку зборови во една реченица кои кажуваат многу.
Македонскиот народ и држава имаат повеќевековна традиција која е нераскинлив дел од македонскиот идентитет.
Негувајќи ја традицијата, ние си ја негуваме татковината!