Градоначалникот
Бобан Стефковски се обрати на настанот кој го организираше СОС Детското село со цел одбележување на 3ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Преку одбележувањето на овој ден ги истакнуваме плановите, целите и заложбите, кои ги имаме, во насока на создавање на инклузивно општество кое овозможува на секој еден човек подеднаква шанса за живот.
Градоначалникот Стефковски истакна дека грижата за лицата со попреченост треба да биде континуирана и во текот на целата година, а овој ден треба да биде можност сите заедно да ги презентираме резултатите кои сме ги постигнале на ова поле.
Еден од иновативните пристапи во алтернативната грижа за деца со попреченост се токму специјализираните згрижувачки семејства кои ги воведе СОС Детското село.
Создаваме инклузивна општина во рамките на надлежностите кои ги имаме како локална самоуправа.
Реализираните проекти во изминатиот период самите по себе говорат за нашата посветеност да овоможиме услови за образование и воспитание на секое дете.
Продолжуваме со одлична соработка која ја имаме со СОС Детското село.
Поддршката на градоначалникот Стефковски и Општина Гази Баба која ја има СОС Детското село е со цел развивање на центарот за згрижувачки семејства, но се залагаме и за отворање на сервисни услуги за децата со попреченост, се со цел да им се унапреди квалитетот на самостоен живот, но и живот во семејство.