Со одржувањето на средба на градоначалникот
Бобан Стефковски и општинската администрација со претседателот и членовите на Советот на Општина Гази Баба започна втората фаза за креирање на буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Внимателно беа разгледани сите предлози и идеи кои ги посочија граѓаните на средбите во Месните и Урбаните заедници и најголем дел од предлозите на граѓаните се дел од Нацрт – Буџетот.
Креираме буџет согласно реалните потреби на граѓаните!
Во новиот буџет исто како и во изминатите две години место за непродуктивни расходи нема. Не се предвидуваат средства за репрезентација, ресторани, како и за службено возило за градоначалникот.