Градоначалникот
Бобан Стефковски заедно со учениците од ООУ “Његош” ја украсија новогодишната елка во неговата канцеларија која го најавува доаѓањето на новата година.
Новогодишните и божиќните празници се најубавиот период од годината на кој најмногу му се радуваат дечињата и токму затоа украсувањето на новогодишната елка ја правиме заедно со децата.
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници ќе организираме голем број на културни и хуманитарни настани.