Градоначалникот на Општина Гази Баба ја истакна одличната соработка која како локална самоуправа ја имаме со Здружението на пензионери на Гази Баба.
Пензионерите се луѓето кои лично сте се вложиле во градењето на институциите и системот уште при создавањето на самостојна и независна Македонија и токму затоа ние кои сме денес на општествено одговорни позиции треба со посебна почит да гледаме на секој еден пензионер.
Стефковски ја дава својата поддршка за барањата на пензионерите за зголемување на пензиите, бидејќи најмалку што може да направи државата е да обезбеди услови за достоинствен и мирен живот на луѓето кои се во третата доба од животот.