Денот е навистина прекрасен кога започнува со енергијата која ја имаат дечињата.
Во посета на Oпштина Гази Баба беа учениците од ООУ “Вера Јоциќ” кои во овој период во рамките на наставниот предмет општество и историја изучуваат за функционирање на локалната самоуправа.
Преку овие едукативни посети на учениците им овозможуваме покрај теоретскиот дел за кои учат во училиште да имаат можност и практично да видат како функционира и работи општината.
Градоначалникот
Бобан Стефковски со задоволство одговораше на инспиративните прашања кои му беа поставени од учениците.