Утрово градоначалникот
Бобан Стефковски заедно со Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски беа во посета на поранешниот дом Ранка Милановиќ каде што започна акција за чистење на комуналниот отпад од дворот на објектот.
По налог до ЈКП Гази Баба ќе изврши чистење на дворот на објектот и собирање на големата количина на отпад со својата механизација.
Градоначалникот Стефковски изрази благодарност до Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение за овој објект, како и за лицата кои се сместени во него.
Повеќе од две години Владата и Министерството за труд и социјална политика не постапуваа по иницијативите од Општина Гази Баба за решавање на овој проблем и покрај бројните петиции и барања од страна на граѓаните и компаниите кои функционираат на овој дел од општината.