И оваа година се приклучивме на најголемата еколошка акција во Република Македонија “Генералка викенд 2024”, во чии рамки вршевме чистење на повеќе локации во општината и тоа во Железара, Булачани и Ченто.
ЈКП Гази Баба со својата механизација активно работи на чистење на повеќе диви допонии.
Им благодариме на компанијата Макстил, СОС Детското село и колегите од општинската администрација кои земаа активно учество во реализацијата на акцијата.
Остануваме партнер на сите општествено одговорни организации!