Денес во просториите на ЗЕЛС се одржа конститутивната седница на Комисијата за социјална заштита и социјална инклузија во која членуваат градоначалниците на Гази Баба, Куманово, Кавадарци, Арачиново, Делчево, Велес, Тетово, Прилеп, Центар и Штип.
Градоначалникот Бобан Стефковски ја доби довербата од колегите градоначалници да биде претседател на ова важно тело при ЗЕЛС чија улога е заедно со експерти да се изготви план за продолжување на процесот децентрализација во областа на социјалната заштита на локално ниво.
Важно е да продолжи процесот на децентрализација кој минатата Влада комплетно го прекина.
Градоначалникот Стефковски истакна дека овој процес ќе продолжи бидејќи општините со новата Влада имаат партнерски однос во интерес на граѓаните.