Oд Црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче, 39 коњаници тргнаа на пат кон славното Крушево.
Тие ќе пристигнат во Крушево на ден Илинден и ќе се поклонат на славните војводи и комити кои загинаа за славната Крушевска република!
Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски се меѓу покровителите и поддржувачите на овој традиционален македонски настан со кој секоја година се оживува Крушевската република.