Градоначалникот Бобан Стефковски беше на терен во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде се во тек градежни активности за реконструкција и ревитализација на неколку делови од улици.
Ќе се асфалтираат двата краци од ул. Зендел Џемаил и еден крак од ул. Боривое Милошевски, а во договор со жителите еден крак од ул. Зендел Џемаил ќе го направиме со павер елементи.
Изминатиот период повеќе граѓани од ова населено место бараа решавање на овој проблем и тоа од денес станува реалност.
Гази Баба е голема општина и сите проблеми невозможно е да се решат во две и половина години, но имаме план и визија. Со нашата одговорна, чесна и посветена работа за секој проблем на граѓаните ќе се најде решение.