Се одржа координација помеѓу градоначалниците на општините во Градот Скопје, на тема – проблемите со кои се соочуваат, а се во директна надлежност на Градот Скопје.
Имаме комплетно нефункционални јавни претпријатија кои не ги исполнуваат своите обврски кон скопјани и покрај тоа што граѓаните секој месец плаќаат утврден надоместок за тоа!
На состанокот градоначалниците заклучија дека треба да се испрати барање до Владата на Република Македонија за отпочнување на постапка за расформирање на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило и нивна распределба по општините во Градот Скопје.
Ниту нашето Скопје, ниту Скопјани повеќе не смее да бидат заложници!
Скопје заслужува подобро, а Скопјани заслужуваат функционален град кој ќе биде наша радост и гордост!