Изминатата недела, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 продолжи со интензивна работа на терен.
📍Расчистување на диви депонии;
📍Бележење на пешачки премини;
📍Кастрење дрва;
📍Одржување на водоводните и канализациони системи во руралните населени места;
📍Поставување на урбана опрема;
Ова се само дел од активностите кои ги реализираа вработените од ЈКП Гази Баба.
Уште еднаш апелирамe да не се врши одлагање на отпад на јавните површини. Секој граѓанин е должен да се грижи за заштитата на животната средина.
Во какви населени места ќе живееме, зависи од секој од нас‼️
ЈКП Гази Баба е сервис на граѓаните и така ќе продолжи и во иднина.