Во завршна фаза влегуваат градежните активности во повеќе училишта на територија на општина Гази Баба.
📍Во ООУ Стив Наумов се врши комплетна реконструкција на тоалетите;
📍Во ООУ Дане Крапчев се врши комплетна реконструкција на училишната кујна;
📍Во ООУ Кирил и Методиј се поставува топловодно греење во училишната сала.
Претходно градежно занаетчиски работи се реализираа во ООУ Григор Прличев, ООУ Његош, ООУ Крум Тошев и ООУ Наум Охридски.
Во ООУ Наум Наумовски Борче започнаа градежните активности за санација на кровот кој беше оштетен при невреме во изминатиот период.
Како одговорна локална самоуправа реализираме бројни градежни активности со цел подобрување на условите за образование и воспитание на дечињата од општина Гази Баба.
Така ќе продолжиме и во следниот период, бидејќи граѓаните заслужуваат подобро.