Оваа година музикиот настан во чест на независноста на Македонија го одржавме на 5 Септември на плоштадот во Автокоманда под мотото “Македонија живее”.
Големиот број на присутни на вчерашниот настан ни бележи дека подготвената богата културно – уметничка програма, како и перформансот во кој учествуваа македонски актери е успешно реализирана.
Во музичкиот дел на програмата учествуваа Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски, хорот Св. Злата Мегленска и вокално инструменталната група Аманет.
Вечерва на дело уште еднаш покажавме дека во нашето срце живее Македонија.
Нека ни е честит 8-ми септември! Ден на независноста на Република Македонија!